Submit your work, meet writers and drop the ads. Become a member
 
Psychonaux Jun 2015
Она што твојот глас го прави толку рамен
толку тенок и како од плех
тоа е стравот
дека ќе кажеш нешто погрешно

или секогаш истото
или она што секој го кажува
или нешто неважно
или беспомошно
или нешто што би можело погрешно да се разбере
или што би можело да им се допадне на погрешни
или нешто глупо
или нешто толку очигледно
нешто застарено

Зарем не ти здосади
од чист страв
од чист страв пред стравот
дека ќе кажеш нешто погрешно

секогаш да ја кажуваш погрешната работа?
Препев: П.В.

— The End —